Quantcast
Channel: Влада на Република Северна Македонија
Viewing all 17037 articles
Browse latest View live

Груевски: „Купи куќа - купи стан“ екстра атрактивен проект за граѓаните

$
0
0

Со последните промени во условите за проектот „Купи куќа - купи стан“ тој станува екстра атрактивен за граѓаните и очекувам дека значително ќе се зголеми побарувачката на овие кредити што се многу подобри од комерцијалните, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

За новите поволности за „Купи куќа - купи стан“ Собранието пред една недела усвои законски измени, со кои се изврши дополнително намалување на каматната стапка. За субвенционираниот станбен кредит од проектот намалени се каматните стапки од 4,99 проценти на 3,95 проценти за првите три години од отплатата на кредитот и од 5,5 проценти на 4,44 проценти, за четвртата и петтата година, за моделот кај кој се субвенционира дел од месечниот ануитет.

Намалувањето на каматната стапка, нагласи Груевски, дополнително ќе им помогне на граѓаните. - Пресметката е дека ако земат стан или градат куќа во вредност од околу 50 илјади евра само ова намалување ќе направи дополнителна заштеда од околу 1.800 евра. Во однос на комерцијалните цени заштедата е некаде помеѓу две илјади до три илјади евра, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања, при увидот на изградбата на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип.

Според Груевски, подобрените услови се сериозна помош за оние кои немаат многу средства и сакаат да дојдат до одреден износ за да уплатат стан и потоа да ги плаќаат ратите за главницата и за каматата. 

- Ова ќе даде дополнителен импулс и на градежниот сектор, но што е најважно ќе помогне на многу семејства да дојдат до стан или да изградат сопствена куќа, изјави Груевски.

Владата,  потсети, и претходно во неколку наврати изврши подобрување на условите и давање пристап на поголем круг лица да можат да аплицираат. Со законски измени се овозможи добивање субвенциониран станбен кредит и за лица кои имаат во сосопственост најмногу до половина стан односно куќа стекнати по основ на наследство.  Се зголеми и прагот на максималните месечни приходи, еден од условите за добивање субвенција, од 900 на 1.300 евра за лицата кои се во брачна заедница.


Груевски: Растот на прометот во индустријата покажува дека има сериозно придвижување во економијата

$
0
0

Растот на прометот во индустријата од 9,5 отсто во мај годинава во однос на истиот месец лани, како и растот од 9,9 отсто во периодот јануари-мај во споредба со истиот период од минатата година покажува дека има сериозно придвижување во економијата.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на новинарско прашање по извршувањето  увид во градежните активности на автопатот Миладиновци-Штип кај населеното место Средно Коњаре.  

- Најголемо зголемување од 36 отсто има кај капиталните добра, но се бележи зголемување и во другите делови. Тоа е уште еден поволен макроекономски тренд кој што кажува дека земјава во овој период има одлични резултати, што значи дека  имаме сериозно придвижување во економијата, изјави Груевски.

Тоа е одлично, бидејќи, како што рече, до минатата година во Македонија сериозно се чувствуваа ефектите од европската должничка  криза.

- Сега веќе може да се каже дека годинава тоа сериозно олабавува и доаѓа период на раст и не случајно во првиот квартал од годинава имаме раст од 3,9 отсто на БДП што беше и најголем раст во Европа. Последователно на тоа и прометот во индустријата е доста сериозно зголемен, рече Груевски.

Посочи дека и во идниот период ќе продолжат политиките на стимулирање и помагање на компаниите, зашто, истакна, тие се оние кои отвораат нови работни места.

- Продолжуваме со нашите реформи и чекори кои ќе ја помагаат економијата и отворањето нови работни места, прецизира премиерот Груевски.

Пробиена речиси половина од делницата на автопатот Миладиновци-Штип

$
0
0

Четириесет и три проценти од автопатот Миладиновци - Свети Николе - Штип се веќе пробиени од почетокот на изградбата пред пет месеци. Градежните работи, според премиерот Никола Груевски, се одвиваат добро, а најголем дел засега ги изведуваат домашни компании. Очекувањата се реализацијата на инвестицијата од 208 милиони евра во изградбата на 47 километри автопат да обезбеди голем број домашни вработувања.

- Ангажирани се околу 250 работници, на терен се 136 градежни машини. До крајот на август бројот на градежната механизација ќе се дуплира, што значи дека значително ќе се зголеми бројот на вработени, изјави денеска Груевски при увидот на изградбата на автопатот „Гоце Делчев“.

Бројката на ангажирани работници, посочи премиерот, не е конечна, постојано се зголемува. Се очекува нејзино драстично зголемување во наредните неколку месеци. 

Според Груевски, пробиеноста на 43 проценти од автопатската делница е добар напредок дури и повеќе од планираното за реализација на проектот од 208 милиони евра, што треба да биде завршен за три години.

Директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски рече дека подизведувачот на градежните работи „Бетон“ треба да изгради делница од 17 километри по што главниот изведувач од Кина „Снохидро“ ќе има 10 километри. Останатите 20 километри на трасата од Свети Николе - до Штип ќе ги изведе домашната компанија „Гранит“, исто така како подизведувач.

- Од вкупно 47 километри веќе се пробиени 43 проценти што е над 20 километри земјани работи. Потоа следува проширување на идниот автопат што треба да биде со широчина од 28 метри. На оваа траса има шест клучки, почнуваат кај Миладиновци, која се спојува кај рафинеријата на автопатот „Миладиновци“ и преку Свети Николе со две клучки стигнува пред влезот во Штип, рече Георгиевски, посочувајќи дека има доста надпатници и подпатници за брза комуникација со населените места.

Миладиновци - Свети Николе - Штип е еден од трите автопати што се градат во источниот, западниот и јужниот дел во државава. Во тек е изградбата и на автопатите Кичево - Охрид и Демир Капија - Смоквица.

МНР: Средба на министерот за надворешни работи на Република Македонија со Алојз Петерле, член на Европскиот парламент

$
0
0

Во рамките на престојот во Брисел, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски оствари средбa со Алојз Петерле (ЕПП, Словенија), член на Европскиот парламент, и нов ко-претседавач со Мешовитиот парламентарен комитет.

Заеднички беше констатирано дека Мешовитиот парламентарен комитет во претстојниот период треба засилено да се искористи како корисен инструмент за конструктивна дебата и давање визибилитет на процесот на интеграција на Македонија во Европската унија.

Министерот Попоски истакна дека за време на новиот мандат на Европскиот парламент Македонија ќе се подготвува за полноправо членство во ЕУ со оглед дека подготвеноста за отпочнување на преговорите веќе одамна е потврдена. Заедничката работа на Мешовитиот комитет може најмногу да помогне и Брисел да се подготви за донесување на одлуката за членство во моментот кога Македонија ќе биде целосно подготвена.

Се согласивме со европратеникот Петерле: „Европската комисија изјави дека ќе има 5 годишен прекин во проширувањето. Треба да се искористи тоа време за да се подготвиме за членство во Унијата, но кога ние ќе бидеме подготвени, треба да биде подготвена и Европската унија.“

Европратеникот Алојз Петерле изрази поддршка на Македонија за отпочнување на преговорите за членство во Унијата, со охрабрување да се продолжи со реформите во клучните области.

На средбата се разговараше и за актуелни прашања поврзани со европскиот интегративен процес на Република Македонија и односите со Европската унија.

МОН: Владата инвестираше околу 200 милиони денари за подобрување на студентскиот стандард

$
0
0

Во изминатите неколку години Владата инвестираше приближно 200 милиони денари во насока на подобрување на стандардите за сместување во студентските домови.
Изградени се целосно нови, современи сместувачки капацитети во рамки на студентскиот дом “Стив Наумов“ коишто за следната академска година им се ставени на располагање на студентите.

Веднаш по завршувањето на изборниот процес, започна постапката за  реконструкција на студентскиот дом “Гоце Делчев“, којашто ќе се реализира етапно, започнувајќи во следните неколку денови со блок Б, кога фреквенцијата на студенти е најмала, за што веќе е избрана компанија изведувач која што ќе изврши замена на подовите, санација на ѕидовите, санитарните јазли, електричната инсталација и останатата опрема. Со оглед на габаритноста на овој дом, целосната реконструкција ќе биде заокружена во 2016 година.
Исто така, изработено е и проектно решение за изградба на целосно нов објект на место на постојниот студентски дом “Невена Ѓорѓиева Дуња“, којшто ќе се реализира по реконструкцијата на студентскиот дом “Гоце Делчев“.

Студентите се еден од приоритетите на оваа Влада и затоа ќе продолжиме и во следниот период да инвестираме во делот на студентските домови и подобрување на условите за престој, но и во обезбедувањето на сите останати неопходни услови за квалитетно високо образование, како што е отворањето на нови факултети и студиски програми, нови лаборатории во рамки на јавните научни и високо образовни установи, превод на литература од којашто се учи на најпознатите, врвните светски универзитети, проширување на можностите за стипендирање...

Попоски: Поголем ангажман од клучните членки на НАТО и ЕУ за решавање на името

$
0
0

Без политичка мотивираност од страна на Атина и конкретен ангажман од поголемите земји членки на НАТО и ЕУ, не може да очекуваме какво било поместување во спорот за името, оценува министерот за надворешни работи Никола Попоски.   

- Најголем ограничувачки фактор во моментов е што нема речиси никаков политички мотив во Грција сериозно да се седне и да се бара решение по однос на ова прашање. Причините се очигледни, бидејќи политичкиот фокус е на домашната сцена и предизвиците со кои се соочуваат, особено во делот на спречување на кризата во еврозоната ја апсорбираат практично целатата енергија која ја имаат. Дополнително, очигледно е дека сакаат да го избегнат ова прашање и да продолжат по патот на неносење одлука ниту во НАТО ниту во ЕУ и одлагање и на решението и на напредокот во однос на членството и почетокот на преговорите. За ова да се промени е апсолутно потребен поголем фокус од поголемите земји-членки на НАТО и на ЕУ, оценува министерот Попоски во контекст на изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел за инволвираноста во разговорите за името.

Според него, тоа е анализа која ја споделуваат речиси сите соговорници и смета дека во тој контекст Македонија мора да продолжи со проактивен и позитивен настап, но мора исто така и да видиме конкретни чекори на мотивираност во Атина. Без тоа не е реално да се очекува какво било поместување во однос на процесот.

- Ме радува фактот што таа анализа е јавно споделена од повеќе лидери, претставници на земји членки на ЕУ и НАТО и се надеваме дека тоа ќе биде и поткрепено со конкретен ангажман во следниот период бидејќи само на тој начин би можеле да го придвижиме тој процес, рече Попоски.

Запрашан дали очекува медијаторот во спорот за името Метју Нимиц, кој идната недела ќе ги посети Скопје и Атина, да донесе нов предлог, шефот на дипломатијата вели нема најава за тоа.

Коментирајќи ја изјавата на Меркел дека спорот со Грција се однесува и за идентитетот, а не само за името, Попоски рече дека не е никаква тајна дека од самиот почеток амбициите на Атина се многу поголеми и се сосем надвор од каква било меѓународна правна рамка или демократски стандарди.

- Нашиот аргумент се демократските стандарди и меѓународното право, затоа и инсистирама на нив. Тука многу е јасно кој и на кој начин може да ги идентификува и идентитетот и правото на самоопрделување и оние основни човекови права. Сите други кои го набљудуваат овој спор се свесни дека грчкиот пристап покрај тоа што е нелегален, навлегува и во параметри кои се однесуваат на идентитет, појаснува шефот на дипломатијата.

Во однос на Бугарија, министерот Попоски рече дека е направен суштински напредок по однос на сите поставени прашања.

- Нашето чувство беше дека правецот и насоката која ја фативме во овие дискусии ветува дека можеме да постигнеме решение. Во овој момент мораме да се соочиме со политичката реалност - предвремените избори во Бугарија и веројатно формирање нова влада. Остануваме на располагање да го надминеме овој проблем, а поддршка за тоа се и изјавите на претседателите на двете земји дека проблемот може да се надмине, рече Попоски.          

Тој денеска се обрати пред учесниците на Петтата годишна конференција на иселеничките организации.

Во однос за интересот на иселениците за отворање нови конзулати Попоски истакна дека фокусот на МНР ќе биде во насока на развој на што е можно повеќе услуги кои ќе се нудат онлајн, со цел да се намали времто и ресурсите кои ги користат за добивање такви услуги, како и да се зголеми ефективноста на програмата за конзуларни денови на места каде има позначителни македонски заедници.

Тој најави дека покрај стандардните проекти што МНР ги поддржува како културни катчиња, програмите за изучување македонскиот јазик онлајн или преку настава и афирмацијата на лекторатите по македонски јазик, новина ќе биде и можноста за стажирање на Македонци кои живеат во соседството или во дијаспората. Целта е рече, тие одреден период да поминат во македонски институции како МНР или други институии зависно од струката која ја имаат за создавање дополнителни врски. Годинава, најави Попоски во Охрид ќе се одржи и најголемиот летен камп за деца на иселеници.

Македонија учесник во програмата „Креативна Европа“

$
0
0

Република Македонија е официјален учесник во програмата на ЕУ „Креативна Европа“, дизајнирана да го поддржи развојот на културата и креативните сектори како главен извор на работни места и севкупен развој во Европа. Македонските културни оператори се полноправни корисници на програмата која се однесува на периодот од 2014 до 2020 година.

Ова на денешната прес-конференција го истакнаа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и евроамбасадорот Аиво Орав.

Пред два дена во Брисел,  амбасадорот на Мисијата на Република Македонија при Европската унија Андреј Лепавцов и Јан Трушчински, генерален директор во Генералниот Директорат за образование и култура на Европската Комисија го потпишаа Договорот за пристапување на Македонија кон оваа програма на Европската унија.

- Со потпишувањето на овој договор Република Македонија и  Министерството за култура, како надлежна институција за спроведување на Програмата, уште еднаш ги потврдија своите заложби  да бидат рамноправни партнери на ЕУ во спроведувањето на нејзината културна агенда и во поддршката на проектите кои се дел од нејзините програми, рече Канческа-Милевска.

Програмата, како што нагласи, ќе ја зачува и промовира културната и јазичната разноликост и ќе ја зајакне конкурентноста на културниот сектор и креативните сектори. Буџетот на „Креативна Европа“ изнесува 1,5 милијарди евра за периодот од 2014 до 2020 година и е наменет за аудиовизулниот сектор, потпрограма медиа, за културните и креативни сектори, потпрограма култура и за меѓународна соработка.

- „Креативна Европа“ ја карактеризира еден нов приоритет, а тоа е развојот на публиката, односно акцентот е ставен на што поголема интеракција со побројна и поразновидна публика-конзументи на културните содржини. Партнерската соработката или копродукцијата меѓу операторите од разни земји останува главна цел и во „Креативна Европа“, а новитет е тоа што првпат можат да учествуваат и соседите на земјите-членки на ЕУ кои ќе потпишат Договори за учество во Креативна Европа, нагласи Канческа-Милевска.

Нашите оператори, како што рече, треба да ја искористат можноста да изградат професионални, партнерски врски со операторите од овие земји во рамките на европските проекти,

Министерката за култура потсети дека Македонија имаше одлични резултати во реализацијата на претходната програма на ЕУ, „Култура 2007-2013“.

Евроамбасадорот Орав потенцира дека програмата „Креативна Европа“ претставува моќен двигател за развојот на поединци и институции кои, како што рече, може да ги реализираат своите европски сништа. Ги повикаа сите културни институции, културни работници, уметници и невладини организации да аплицираат за оваа програма и нејзините потпрограми.

Државното земјоделско земјиште над 10 хектари под концесија преку електронска лицитација

$
0
0

Државното земјоделско земјиште над 10 хектари во иднина ќе се дава под концесија преку јавна електронска лицитација, предвидуваат најавените измени на Законот за земјоделско земјиште.

Со тоа, како што изјави денеска премиерот Никола Груевски, ќе се постигне повисока цена, а земјиштето ќе го добијат оние кои се подготвени да платат највисока концесија на државата.

- Остануваат оние што се под 10 хектари, а тоа е направено заради можноста на луѓето што живеат во селата да им се додели селскиот атар, бидејќи најчесто тие од тоа живеат, изјави премиерот Груевски на денешниот официјален почеток на градежните активности .....

Тој појасни дека се она што е над 10 хектари се смета за посериозен бизнис и затоа е проценето дека е потребно да има посериозна конкуренција и од тие причини се предвидува ова земјиште да биде понудено преку електронска јавна аукција.

- Со тоа ќе се постигнат вистински пазарни цени и веруваме дека ќе има и поголем приход во Буџетот на Република Македонија, како и поголема транспарентност при распределбата на државното земјоделско земјиште, нагласи Груевски.


Груевски: Нови 250 деца од социјални семејства од утре на бесплатен одмор

$
0
0

Нови 250 деца од социјално ранливите категории утре ќе заминат на бесплатно летување што го обезбедува Владата преку проект на Министерството за труд и социјална политика.

Премиерот Никола Груевски денеска на официјалниот почеток на градежните работи за проширување на булеварот „Партизански одреди“ изјави дека како Влада планираат да продолжи овој проект и во иднина.

- Проектот континуирано се спроведува од летото 2012 година така што продолжуваме и годинава на децата кои припаѓаат на социјално загрозените семејства и децата кои се без родителска грижа да им обезбедиме бесплатно летување. Следната група од нови 250 деца поаѓа утре. Годинава заминаа 680 деца и има уште пет смени со 1.070 лица, истакна Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, со овој проект се обезбедува целосно бесплатно летување или зимување на децата од социјално загрозените семејства со што се покажува грижа за оваа категорија граѓани. 

- Во неколку наврати ги посетив и можам да кажам дека во многу случаи огромен број деца првпат заминуваат на летен или зимски одмор. Тоа е големо задоволство за нив, нешто што ќе го помнат цел живот. Тоа е нешто што им помага да не се чувствуваат поразлични од другите деца кои редовно одат на одмор. Затоа државата интервенира со ваква мерка, нагласи Груевски.

Груевски: Придонеси на хонорарци се плаќаат во 95 проценти од државите во Европа

$
0
0

Од законските измени со кои на работниците со договор на дело или авторски договор работодавачот ќе мора да им плаќа придонеси за пензиско и здравствено осигурување ако имаат поголеми примања од минималната плата, ќе бидат задоволни голем број лица, смета премиерот Никола Груевски.

Според Груевски, измените уследиле по поплаките дека  токму избегнувањето плаќање придонеси од сопствениците на компаните  е причина работниците да не добијат вработување на определено време, но и праксата за плаќање придонеси во европските држави.

- Во минатиот период забележавме и имавме поплаки од многу луѓе дека тие не добиваат вработување на определено време само со цел сопствениците на компаниите да го избегнат плаќањето на придонесите. Од друга страна, проверивме како е низ другите земји во Европа и констатиравме дека околу 95 проценти од земјите имаме ситуација во која се плаќаат придонеси на хонорарците, изјави Груевски денеска одговарајќи на новинарски прашања, по почетокот на градежните активности за проширување на булеварот „Партизански одреди“.

Ќе се воедначиме, нагласи, со најголем дел од земјите во Европа и истовремено ќе ја скратиме можноста за многу луѓе да не можат да добијат договор на определено време само затоа што нивните работодавачи сакаат да избегнат плаќање на придонеси. - На тој начин дојдовме до идеја да се донесе овој закон и мислам дека ќе биде на задоволство на огромен број луѓе кои поради оваа причина се уште не се вработени, рече Груевски.

Нов кружен тек во Порта Влае за поголема безбедност во сообраќајот

$
0
0

Нов кружен тек со кој ќе се олесни движењето на возилата ќе биде изграден на булеварот „Партизански одреди“ кај Порта Влае, во делот кој води кон општината Ѓорче Петров.

Станува збор за проект на Градот Скопје со кој годинава е предвидена изградбата на кружниот тек во вредност од еден милион денари, а следната година се планира проширување на булеварот „Партизански одреди“.

Кружниот тек ќе биде со дијаметар од 40 метри, ќе има велосипедски патеки, а со проектот е предвидено и улично осветлување и изградба на атмосферска канализација.

Официјалниот почеток на градежните работи беше означен денеска, а на него присуствуваа премиерот Никола Груевски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалниците на Ѓорче Петров и Карпош, Сокол Митревски и Стевчо Јакимовски.

Според премиерот Груевски, станува збор за проект со кој значително ќе се олесни движењето на возилата, а сообраќајот ќе биде побезбеден.  

-  Се работи за голем проект во кој градоначалникот на Град Скопје во соработка со градоначаниците на Карпош и Ѓорче Петров го подготвува подолг период. Оваа година ќе се гради кружниот тек, а следната година проширувањето на булеварот „Партизански одреди“, истакна Груевски.

Втората фаза која предвидува проширување на булеварот „Партизански одреди“ ќе започне откако ќе бидат решени имотно-правните односи.

- Со изградбата на кружниот тек ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот, а од друга страна овој дел од Скопје ќе добие подобар изглед, истакна градоначалникот Коце Трајановски.

Тој најави дека и во иднина ќе се продолжи со изградба на кружни текови бидејќи тие се покажале како ефикасно решение. 

Овој кружен тек е седмиот што се гради на подрачјето на Скопје.

Телефонски разговор на министерот Јолевски со неговите колеги од Србија, Црна Гора и Албанија

$
0
0

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, во насока на интензивирање на регионалната соработка, имаше телефонски разговори со министрите за одбрана на Србија, Црна Гора и Албанија, Братислав Гашиќ, Милица Пејановиќ – Ѓуришиќ и Мими Кодели.

Во разговорот со српскиот министер Гашиќ, соопшти денеска МО, било договорено унапредување на соработката помеѓу двете министерства и двете држави во оваа област, како и интензивирање на меѓусебните контакти и посети на највисоко ниво. Во тој контекст, министрите првата средба ја договориле за почетокот на есента оваа година.

Соработката во рамки на регионалните иницијативи, особено групата А-5, како и размената на идеи и иницијативи кои ќе доведат до потпишување на еден сеопфатен документ на идниот состанок на САД – Јадранската повелба во октомври, биле темите на кои министерот Јолевски разговарал со црногорската министерка Пејановиќ – Ѓуришиќ. Документот, заклучиле министрите, ќе доведе до унапредување на регионалната соработка во функција на евроатлантските интеграции на двете земји.

Министерката Пејановиќ – Ѓуришиќ го информирала Јолевски дека на претстојната свечена промоција на питомци од Воената академија во офицери ќе присуствува и делегација од Министерството за одбрана на Црна Гора.

Министерот Јолевски со неговата албанска колешка Кодели разговарал за начините за унапредување на меѓусебната соработка, во однос на заедничките вежбовни активности на двете армии. Договориле средба на претстојниот НАТО самит во Кардиф во септември. Воедно, министерот Јолевски ја поканил министерката Кодели да ја посети Република Македонија.

Како пример за посветеноста на земјите од регионот за унапредување на билатералната и регионалната соработка, министрите за одбрана на Србија, Турција, Босна и Херцеговина и Словачка упатија честитки до министерот Јолевски за стапување на оваа функција. Во честитките, ја споменуваат одличната соработка која ја имаат со Република Македонија и изразуваат надеж дека ќе продолжи да се развива и продлабочува и во иднина.

Poposki: Increased engagement by key NATO, EU members in name settlement

$
0
0

We cannot expect any progress in the name row without political will by Athens and concrete engagement by key NATO and EU members, said Foreign Minister Nikola Poposki on Thursday.

"The biggest limiting factor at this time is the lack of any political will in Greece to seriously sit on the table and seek for a solution in the issue. The reasons are obvious, since the political focus is on domestic challenges, which practically absorb their entire energy. In addition, it is obvious they want to avoid this issue and resume on the no-decision path in NATO and EU. A change of this situation requires greater focus by key NATO and EU member-states", said FM Poposki.

According to him, Macedonia should continue with its proactive and positive approach, but Athens should also demonstrate specific steps.

Asked if he expected a new proposal by UN envoy in the name row Matthew Nimetz, who will visit Skopje and Athens next week, Poposki said he was not aware of such announcement.

Regarding German Chancellor Angela Merkel's statement that the name row also includes the issue of identity, Poposki said it was no secret from the very beginning that Athens' ambitions exceeded any international legal framework or democratic standards.

"We insist on democratic standards and international law, which clearly identify the right of self-determination and the fundamental human rights. All those observing the row are aware that the Greek approach, besides being illegal, touches upon parameters referring to identity", said the FM.

Poposki addressed today the 5. Annual Conference of Emigrant Organizations, saying the Ministry of Foreign Affairs would focus on the introduction of as much as online services, so that emigrants use less time and resources in obtaining their requirements.

Премиерот Никола Груевски приреди Ифтар вечера во Владата

$
0
0

 

 

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, по повод муслиманскиот верски празник Рамазан, приреди Ифтар вечера.

 

 

Објавен Регистарот на вештаци на вебот на Министерството за правда

$
0
0

На веб страницата на Министерството за правда од денеска за сите судови во Република Македонија и за надлежните институции е достапен Ргистарот на вештаци, кој содржи речиси 900 вештаци од преку 60 различни области на вештачење.

Министерот за правда Аднан Јашари на денешната прес-конференција рече дека во Регистарот се содржани и голем број лица кои биле запишани на списоците на постојани судски вештаци кои ги водеа судовите и кои имаат долгогодишно искуство во изготвување на вештачењата.

Со измените на Законот за вештачење донесен во јануари годинава, како што истакна министерот, се овозможи овие лица да продолжат да вршат вештачења преку стекнување лиценца за вештачење.

Регистарот на вештаци ќе се води во електронска форма со што е подноставена постапката за евидентирање на сите промени и негово навремено ажурирање, осбено од аспект на лицата кои ќе се стекнат со лиценца за вештачење од соодветна област издадена од Министерството за правда.

- На почетокот на овој месец Министерството за правда донесе и Правилник за пресметување на наградата за извршеното вештачење или супер вештачење и надоместок за реално потребните трошоци, согласно кој подзаконски акт висината на наградата се утврдува според висината на паричната вредност на предметот за вештачење, сложеноста на вештачењето, како и потребното време за прибирање на податоците и изработка на вештачењето, рече Јашари.

Претседателот на Комората на вештаци Васе Доневски истакна дека вештаци има скоро од сите области. - Најмногу вештаци има од областа на економијата, машинството и сообраќајот, а најмала бројка е од градежништвото, додаде тој.

Доколку странката не е задоволна од вештачењето може да поднесе барање до Дисциплинската комисија која изрекува казна за вештаците.

- Доколку странката не е задоволна од вештачењето и смета дека не е професионално направено, го изгубила спорот или пак судијата дал да се прави супер вештачење, во тој случај може да поднесе барање до Дисциплинската комисија, која независно го гледа вештачењето, односно дали било напраено во законски рок, дали е пристрасно и како резултат на тоа Комисијата изрекува и казна за вештаците, појасни државниот секретар во Министерството за правда, Илија Ристовски.

Претседателот на Комората на вештаци во ова прилика апелираше до професорите  од сите високообразовни институции во државата да аплицираат за добивање лиценци за вештачење.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Јашари рече дека бројот на вештаци Албанци во моментов е околу 10 отсто, но оти тоа не значи дека тој број нема да се зголеми. - Како министер за правда доставив барање до ректорот на Државниот тетовски универзитет со цел професорите што ги исполнуваат условите да достават барања за да стекнат лиценца за вештаци и да бидат запишани во Регистарот на вештаци, додаде Јашари.

Регистарот на вештаци ќе биде објавен и на веб страната на Комората на вештаци на Република Македонија.


Могерини: Италија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија

$
0
0

Италија како земја претседавач со Европската унија верува дека интeграцијата на земјите од Западен Балкан е од стратегиски интерес на Унијата и мора да остане во сржта на еврпската политика. Тоа е наш интерес во однос на стабилноста, просперитетот, економијата и затоа интегративниот процес нема да биде целосен пред приемот на сите земји од Западен Балкан.

Ова го истакна италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Италија, како што нагласила Могерини на средбата со Попоски, ќе продолжи да биде силен поборник за процесот на проширување на Унијата, и оти Македонија може да смета на натамошна активна поддршка од Рим за почнување на пристапните преговори.

Таа вели дека е свесна оти името е круцијално прашање, но не е во рацете на Италија која ќе даде помош во преземањето напори за негово решавање.

Запрашана кои конкретни чекори Италија ќе ги преземе за надминување на спорот со Грција, Могерини вели дека и јавните изјави претставуваат ангажман.

- Во некои фази и давањето изјави од официјални лица во јавноста претставува само по себе политичка порака. Ова прашање се одвива во рамките на Обединетите нации и ние го охрабруваме тој процес, како и дејствувањето на двете засегнати страни, рече Могерини.

Во меѓувреме, порача Могерини, Македонија треба да се фокусира на реформите во земјата и внатрешниот дијалог.

Министерот Попоски, пак, посочи дека италијанското претседавање со ЕУ го покажува патот за интегрирање на регионот што е важен сигнал за Македонија бидејќи евроинтеграцијата нема алтернатива.

Тој се осврна на фактот дека за Македонија во повеќе наврати се одлага почетокот на преговорите поради недостаток на согласност од страна на сите земји-членки на Унијата. Во тој контекст го повтори и македонското залагање за почитување на меѓународните правни обврски.

- Сметам дека е потребна посветеност од сите страни и од сите земји-членки кон исполнување на меѓународно-правните обврски и задржување на основните вредности и принципи врз кои е заснована Унијата, рече Попоски.

Тој воедно истакна уверување дека Македонија останува посветена на спроведувањето на сите реформи и почеток на преговорите. Во разговорите со Могерини, рече, упатил и порака која е значајна за нас, а тоа е дека ЕУ треба да продолжи со воспоставената пракса за решавање на билатералните спорови во текот на пристапниот процес.

- Сметаме дека е значајно ЕУ да го прави тоа што најдобро го прави, а тоа е создавање на стандарди за мирна, обединета и економски развоена Европа, а во пракса е покажано дека таа цел се постигнува доколку билатералните проблеми се решаваат во процесот на пристапување кон ЕУ, порача шефот на македонската дипломатија.

Двајцата министри констатирале дека земјите имаат цврсти врски, и на полето на културата, економијата и заеднички интерес е тие и понатаму да се унапредуваат.

Италија е петта на листата на земји со кои Македонија остварува економската размена.

Могерини денеска ќе се сретне и со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, како и со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Посетата на Македонија е дел од балканската турнеја на италијанската министерка за надворешни работи Могерини во својство на претседавач со ЕУ.

„Монтанте груп“ ќе инвестира 10 милиони евра во фабрика во Бунарџик, најавени 100 работни места

$
0
0

Италијанската мултинационална компанија „Монтанте груп“ есенва ќе започне градба на фабрика во ТИРЗ Скопје 1 за производство на амортизери за возови, шински возила, автобуси и тешки возила. Првичната инвестиција ќе изнесува околу 10 милиони евра, а објектот во кој ќе се вработат 100 лица треба да биде готов најдоцна за една година од почетокот на градбата.

Ова денеска на прес-конференција го истакнаа сопственикот на Монтанте груп Антоанело Монтанте и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.

Групацијата веќе регистрирала мешовита компанија во Македонија под името „Њуко“, а се предвидува по завршувањето на градбата да извезува производи во вредност од над 30 милиони евра од Македонија.

Компанијата веќе е во фаза на склучување на договори за две локации во ТИРЗ Скопје 1 на кои првично ќе се изгради еден објект, а во подоцнежната фаза, како што рече сопственикот Монтанте, се планира тројно па и четирократно зголемување на капацитетите.

Монтанте груп е мултинационална италијанска компанија со 2.300 вработени и годишен обрт од 800 милиони евра. Нејзиното седиште е во близина на Торино, Италија, а можностите за инвестирање во Македонија биле запознати на минатогодишното владино роуд-шоу во Италија.

- Не е тајна дека пред да дојдеме во Македонија бевме и во соседните држави, но Македонија ни понуди најдобри услови за инвестирање и затоа токму тука се одлучивме да ја отвориме нашата фабрика. Не станува збор за дислоцирање на постојна фабрика, туку во Македонија ќе градиме целосно нов капацитет, рече Монтанте.

Тој се заблагодари на премиерот Груевски и на неговиот економски тим за понудените услови и за заложбите за привлекување на странски инвестиции во Македонија.

Средба Никола Груевски - Федерика Могерини

$
0
0

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски денеска (петок, 25 јули 2014 година), оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Италија, г-ѓа Федерика Могерини.

На средбата соговорниците го изразија задоволството од развојот на односите и соработката меѓу Република Македонија и Република Италија и воедно посочија подготвеност за нивно натамошно унапредување и интензивирање во сите области од взаемен интерес.

Премиерот Груевски ја истакна заложбата за продлабочување на економската соработка, како и проширување на секторската соработка. Премиерот Груевски истакна дека Италија е мошне значаен трговски партнер, и досега земјата има позитивно искуство од реализацијата на неколку инвестиции што докажува дека има потенцијал кој може да биде искористен во насока на јакнење на трговските и економските односи меѓу двете пријателски држави. На средбата беа истакнати и полињата каде може да се соработува, потенцирајќи ја областа на трговијата, енергетика, земјоделието и образованието.

Соговорниците се осврнаа и на темата на евроатлански интеграции при што Премиерот посочи дека тие остануваат приоритет во работата на Владата, и изрази задоволство од досегашната поддршка која Република Италија ја дава на овие суштински процеси. Премиерот Груевски ја потенцираше важноста на Италијанското Претседателство со ЕУ за регионот – во актуелниот контекст по европските избори. Тој ја истакна и важноста за проактивна поддршка на Италија во напорите на Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

Соговорниците изразија надеж и подготвеност за интензивирање на соработката, и продлабочување на взаемните билатерални и економски односи.

 

Бесими-Могерини: Побарана италијанска поддршка за почнување на преговорите со ЕУ

$
0
0

Владата на Република Македонија очекува поддршка од италијанското претседателство за отпочнување на преговарачкиот процес и прашањето за отпочнување на преговорите да биде ставено на дневен ред на декемврискиот состанок на Советот на ЕУ.

Ова го истакнал заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, на денешната средба со италијанскиот министер за надворешни работи на Република Италија  Федерика Могерини, која е во посета на земјата.

Како што соопшти СЕП, на средбата вицепремиерот Бесими ја искористи можноста лично да и честита и заблагодари на Могерини за Италијанското претседателство со ЕУ и агендата со приоритети која ја спроведува, меѓу кои од исклучително значење за Македонија и земјите од Западен Балкан е издвојувањето на проширувањето како еден од главните приоритети на нивното претседателство со Унијата.

Бесими за време на состанокот, се наведува, истакна дека интегрирањето на Република Македонија во Европската унија останува врвен приоритет на Владата на Република Македонија, во таа насока и во наредниот период ќе бидат вложени силни напори во реформскиот процес со цел постигнување напредок, кој ќе биде нотиран во есенскиот извештај на Европската комисија. Континуирано се работи на реформите во судството и зајакнување на довербата во институциите, владеење на правото, слободата на изразување, политичкиот дијалог, меѓуетничките и добрососедските односи, истакна Бесими.

Министерот за надворешни работи на Италија, Могерини, ги поздрави реформите што се спроведуваат во нашата земја и нагласи дека Република Италија за време на нејзиното претседавање со Европска унија, сериозно ќе се посвети на процесот на проширување на Унијата.

Могерини на состанокот, се наведува, препорача Македонија да продолжи со конструктивниот пристап кон решавањето на спорот за името со Република Грција, и двете земји да се потрудат да изнајдат заедничко прифатливо решение, со што на Македонија би и се отворил патот за членство во ЕУ и НАТО.

Бесими потенцираше дека за решавање на спорот со името освен конструктивниот пристап од двете страни, потребен е и посилен ангажман и поддршка од земјите членки на ЕУ, стои во соопштението.

Шефицата на италијанската дипломатија Могерини е во посета на Македонија во рамки на нејзината турнеа на државите од Западен Балкан, во знак на поддршка на нивниот евроинтегративен процес.

Almost half of Miladinovci-Stip motorway broken through

$
0
0

Forty-three percent of the Miladinovci-Stip motorway have been already broken through since the start of construction works five months ago.

"About 250 workers are engaged, along with over 130 construction machines. The machinery will double by the end of August, meaning the number of workers will also increase, said Prime Minister Nikola Gruevski during Wednesday's check of the progress in the construction of "Goce Delcev" motorway.

The EUR 208 million project for construction of the 47km motorway is to be completed in three years.

Chinese company "Sinohydro Corporation Ltd" is the motorway contractor.

Miladinovci-Sveti Nikole-Stip motorway is one of the three motorways to be constructed in the country over the coming period. The other two are Kicevo-Ohrid and Demir Kapija-Smokvica.

Viewing all 17037 articles
Browse latest View live