Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска се сретна со генералниот секретар на ЦЕИ, Џорџо Росо Чиконе.
На средбата беа разменети мислења околу прашањата за натамошниот развој и унапредување на регионалната соработка, како и за актуелните состојби во регионот и напредокот кон европските и евроатлантските интеграции.
Посебно внимание беше посветено околу односите на Советот за Регионална соработка и неговото највисоко политичко тело Процесот за соработка во ЈИЕ, чиј претседавач е Република Македонија, како и односот со другите регионални иницијативи вклучително и со ЦЕИ, како една од најстарите во регионот.
Во однос на понатамошната соработка, стана збор за идните планови и потребата за алокација на средства за реализација на проекти кои имаат широка регионална примена, со акцент на позитивното искористување на искуството на ЦЕИ во европските и други фондови.