Quantcast
Channel: Влада на Република Северна Македонија
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17037

Средба на вицепремиерот Пешевски со новиот кинески амбасадор Вен

$
0
0

Проектите за изградбата на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, кои се во фаза на реализација и каде се ангажирани кинески компании беа тема на денешната средба меѓу вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Македонија, Зеншун Вен.

На средбата, информираат од Кабиентот на вицепремиерот, станало збор и за потенцијалните инвестиции во енергетските проекти.

- Двете страни изразија желби за понатамошен поттик за промоција на инвестициите, економската соработка помеѓу двете земји и зголемување на трговската размена. Вицепремиерот му посака добредојде на новиот амбасадор, со желби за успех во работата и продолжување на успешната работа на неговите претходници, се вели во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот.

Соговорниците, според соопштението, ги поздравиле билатералните односи помеѓу двете земји и повеќегодишното пријателство одбележано со динамична успешна соработка, потенцирајќи ја трговската размена со НР Кина.

Народна Република Кина е значаен трговски партнер која во последните неколку години постојано се наоѓа на листата на 20-те земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Во 2013 година е на 8 место со 4,4 процентно учество во вкупната трговска размена на нашата земја.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17037

Trending Articles