Quantcast
Channel: Влада на Република Северна Македонија
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17037

Учество на Министерот за надворешни работи, Никола Попоски на традиционалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство во ЕУ

$
0
0

На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски учествуваше на годишниот традиционален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и министрите за надворешни работи на земјите-кандидати за членство во ЕУ, кој се одржа вчера во Брисел.

Главна тема на состанокот беше Јужното и Источното соседство на ЕУ, како и состојбата и предизвиците во Балкански контекст кои се однесуваат на перспективите за членство во ЕУ, како и за можноста за превентивно дејствување во правец на надминување на предизвиците во соседството.

На состанокот исто така беа разменети мислења за активностите на ЕУ за зајакнување на ефикасноста на Заедничната безбедносна и одбранбена политика, во светлина на заклучоците од последниот состанок на Европскиот совет, одржан во декември 2013 година.

Министрите за надворешни работи разменија мислења за активностите и напорите на Европската унија и нејзините партнери за постигнување политичко решение за конфликтот во Сирија и за ангажманот на ЕУ за надминување на актуелната политичка криза во Украина.

Министерот Попоски истакна: Заеднички заклучок е дека е неопходно превентивно дејствување и одлучност за надминување на предизвиците во соседството на ЕУ. Очекувањата од Европа се големи. Истото е неопходно и во поглед на земји членки кои можат да имаат удел во подигнувањето на кредибилитетот и забрзување на процесот на проширување. Неопходно е да се види европскиот интерес, а да се одбегне одлагањето на одлуки по инерција. Доволно лекции се научени од ова поглавје и можеби е време да се примени визионерски пристап. Тоа најмногу го очекуваме од тековното ЕУ претседателство.

Во 2003 во Солун е дадена извесност за европска иднина на Балканот. Европските избори и очигледниот притисок на радикалните опции мора да биде мотив повеќе за повеќе Европа, додаде Министерот Попоски.  

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17037

Trending Articles