Quantcast
Channel: Влада на Република Северна Македонија
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17037

Груевски: Двојно ќе се зголеми поддршката за развој на туризмот

$
0
0

Владата оваа година ќе ја зголеми поддршката за развој на туризмот со двојно повеќе средства од лани, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

- Предвидени се 150 милиони денари во делот на Агенцијата за туризам, најави Груевски, посочувајќи дека надвор од тоа планирани се средства и за меѓународна медиумска промоција.

Охрабрени сме од минатата година, додаде, затоа што имаше 26 отсто раст на странски туристисти и шест отсто домашни во споредба со 2012 година.  - Тоа покажува дека правецот е добар, истакна премиерот Груевски.

Смета дека тоа е резултат на многу чекори што беа преземени од страна на Владата, меѓу кои се и давањето субвенции на тур-операторите кои носат туристи во Македонија, на авиокомпании и меѓународната медиумска промоција на Република Македонија.

- Се разбира, помогнаа и инвестициските промотори, кои освен задачата да ја претставуваат Македонија како бизнис-дестинација, и со закон и со одлука на Влада, имаат добиено задача да ја претставуваат Македонија и како туристичка дестинација, рече Груевски.

Новина е тоа што од оваа година во овој буџет за туристичка промоција се слеваат пари и од игри на среќа.

- Четириесет милиони денари од овие пари ќе бидат директно од игрите на среќа, изјави премиерот кој беше на промоција на лабораторија за молекуларна патологија и експериментално генска терапија на Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Претседателот на Владата информираше исто така дека во тек е конкурсот за издавање под концесија на 39 ловишта низ земјата.

- Веќе има објавено конкурс за 39 ловишта од кои 13 се за крупен дивеч, а останатите за ситен дивеч. Во март конкурсот завршува. Ова е добра можност за сите домашни и странски лица кои ги исполнуваат условите и критериумите во законот да се пријават. Оној кој ќе ја добие концесијата е тој кој што најмногу ќе понуди на електронска аукција. Ова е добро за локалниот економски развој и отвора нови работни места, изјави премиерот Никола Груевски.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17037

Trending Articles