Quantcast
Channel: Влада на Република Северна Македонија
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17037

Груевски: Зголемување на пензиите, платите и социјалната помош

$
0
0

Пензиите и социјалната помош во март ќе бидат повисоки за 5 отсто, а за исто толку проценти во септември оваа година ќе бидат зголемени и платите во  државниот и јавниот сектор, потврди премиерот Никола Груевски, нагласувајќи дека предвиденото во буџетот за 2014 година ќе биде исполнето.   

- Ова е во време во кое во повеќето земји има намалување на плати, пензии, некаде дури и на социјалната помош, поради европската должничка криза. Но ние најдовме начин, најдовме сили и можности, пред се заради нашето ветување, но и заради соодветното управување со буџетот, да овозможиме зголемување на пензиите на пензионерите, на социјалната помош за примателите на социјална помош и на платите на луѓето што се вработени во државната и јавната администрација. Тоа наше ветување ќе биде реализирано согласно овие рокови што ги кажав, изјави премиерот Груевски по промоцијата на нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17037

Trending Articles